Неизвесно доаѓањето на Петков во Скопје, откако по состанокот кај Радев, претседателот на Собранието добил позитивен ковид тест
Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ.