Лекарските уверенија во Грција ќе се издаваат и електронски
Преку специјалната апликација „MyHealth“, граѓаните во Грција ќе можат електронски да вадат леарски уверенија, а новата услуга ја презентираа министерот за дигитална политика Кирјакос Пиракакис, неговиот заменик Јоргос Георгадас, министерот за здравство Танос Плеврис и претседателката на електронската платформа за социјално осигурување Ники Цума, јави дописничката на МИА од Атина.