Болтон: Ако луѓето не сакаат да зборуваат за територијални корекции, тогаш нема да има напредок во преговорите
Американскиот дипломат и поранешен советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, во интервју за Косово онлајн изјави дека „се уште не знаеме каков е ставот на администрацијата на Џо Бајден кон Балканот“, но, исто така, и дека „доколку Албин Курти не е заинтересиран за договорот од Вашингтон, тогаш тој договор е мртов“, јави дописникот на МИА од Белград.