Селф тестовите во Грција во комбинација со вакцинацијата и тестирањата ја подобриле епидемиолошката слика
Намалување на бројот на нови случаи, на хоспитализирани пациенти, како и намалување на индексот на позитивност, било регистрирано во Грција со воведувањето на задолжителните селф тестови за домашна употреба, во комбинација со вакцинацијата и тестирањата од Националната организација за јавно здравје, соопшти заменик министерот под премиерот надлежен за координација на работата на грчката Влада, Акис Скерцос