Косово го укина полицискиот час и го продолжи работното време на угостителите
По видното намалување на бројот на заразени и починати од Ковид-19, Владата на Косово денеска одлучи да го укине полицискиот час, односно забраната за движење на граѓаните од 23 до пет часот, која беше во сила досега, како и да го продолжи работното време на угостителските објекти за еден час, односно до 23 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.