Кипар воведува двонеделен строг карантин
Полициски час од 21 часот; затворање на продавниците, угостителските објекти, фризерските салони, фитнес центрите, театрите; забрана за собири; задолжително испраќање СМС пораки за движење, но само еднаш дневно; литургии во црквите без присуство на верници, се дел од новите строги рестрикции кои се воведуваат на Кипар од понеделник, а земјата ќе влезе во двонеделен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.