Мицотакис најави олабавување на марките по Велигден, на 15 мај старт на туризмот
Отворање на угостителските објекти на 3 мај, со скратен полициски час од 23 часот, враќање на сите ученици во училишните клупи на 10 мај и отворање на туризмот на 15 мај, заедно со укинување на забраната за движење меѓу градови, се трите точки од планот на грчката Влада за постепен излез од карантинот, што попладнево го соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.