Во Грција 10,14 отсто вакцинирани со една доза од вакцината против Ковид -19
Половина милион Грци, односно 565.000 се вакцинирани и со двете дози од вакцината против Ковид-19, а 1.065.000 примиле барем една доза, со што е постигната 10,14 отсто имунизациска покриеност, соопшти денеска генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.