Продолжен карантинот во Грција, Владата воведува „self testing“
Актуелните рестрикции во Грција, односно карантинот, полицискиот час и посебните мерки за црвената и темноцрвената зона, продолжени се за уште една седмица, односно до 5 април, како што беше попладнево соопштено на редовната прес-конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.