Министерот за здравство на Грција со апел до приватните лекари да се вклучат во битката со Ковид-19
Упатуваме апел до приватните лекари со соодветни специјализации поврзани со Ковид за да се вклучат во националниот систем на неколку дена, седмици, месеци и да помогнат во огромните напори што се прават, рече министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.