Сериозни инциденти во атинска населба на протестот против полициското насилство, повреден полицаец
Сериозни инциденти се случија вечерва во атинската населба Неа Смирни за време на протестот против полициското насилство, кога маскирани лица ја нападна полицијата со камења, дрва, но и огромен број молотови коктели, додека пак полицијата одговори со солзавец, шок бомби, но и топови со вода, јави дописничката на МИА од Атина.