Мицотакис повторно го покрена предлогот за сертификат за вакцинација на состанокот со Мишел, Фон дер Лајен, Меркел, Драги и Коста
Предлогот за воведување европски сертификат за вакцинација одново го покренал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на состанокот преку видеоконференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел со претседателката Европската комисија Урсила фон дер Лајен, со премиерите на Португалија и Италија, Антонио Коста и Марио Драги, како и германската канцеларка Ангела Меркел, во рамките на подготовките за Европскиот совет во четврток и петок , јави дописничката на МИА од Атина.