Грчките епидемиолози предлагаат Атина да премине во „црвената зона“ и евентуално да се воведат поригорозни мерки
Континуираното зголемување на новите случаи на Ковид-19 во повеќе делови на Атина и пошироката област Атика, го вклучи алармот кај грчките епидемиолози, кои по вчерашниот вонреден состанок, според информациите во Грција, препорачале конкретниот регион да премине во „црвената зона“, додека пак конечните одлуки ќе бидат донесени и соопштени во текот на денешниот ден