Државната нафтена компанија на Венецуела префрлала пари на бугарски сметки
Од американските партнери, како по дипломатски, така и по оперативен пат, имаме информации за трансфери на пари од Венецуела, особено од страна на Државната нафтена компанија (ПДВСА), за што се користени бугарски банкарски сметки, изјави главниот обвинител Сотир Цацаров, пренесе агенцијата БГНЕС.