Арифи: Попрво ќе падне Владата одошто ќе се укине таксата кон Србија
Советникот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и владин претставник во преговорите со Србија, Авни Арифи, изјави дека Владата на Косово попрво самата ќе падне, одошто да ја повлече одлуката за 100 отсто такса за производите од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.