Харадинај со амбасадорите на петорката:Таксата нема да се укине, продуктите се загарантирани за сите
Косовскиот премиер Рамуш Харадина, по денешната средба со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, изјави дека таксата што неговата Влада ја воведе за производите од Србија и Босна и Херцеговина нема да се укине и нагласи дека прехранбените продукти се загарантирани за сите во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.