Шефовите на дипломатиите на Грција,Бугарија,Хрватска и Романија ќе ги посетат Македонија и Албанија
Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, до крајот на годинава планираат да ги посетат Македонија и Албанија. Ова, според шефот на грчката дипломатија, било договорено на квадрилатералната средба во Њујорк на која учествуваа шефовите на дипломатиите на четирите земји од регионот, членки во ЕУ.