Советот ја усвои програмата за развој на општина Центар за периодот од 2019-2021 година
Планот на програмата за развој на општина Центар за периодот од 2019 до 2021 година, кварталниот извештај за извршувањето на буџетот, техничките исправки на две градежни парцели во ДУП-от за дел од локалитет Буњаковец 1, беа дел од точките што се најдоа на дневен ред на 20-тата седница на Советот на општина Центар.