Реконструкција на дел од улицата „Шарпланинска“ во Ѓорче Петров
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска го означија стартот на целосната реконструкција на крак во должина од 500 метри кој се поврзува со главната улица „Шарпланинска“ во населбата Даме Груев.