Не очекуваме проблеми со грејната сезона, ЕСМ може веднаш да го санира топловодот на мостот „Беласица“, вели Бектеши
Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот веднаш откако ќе ги добие соодветните дозволи од Град Скопје, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.