Објевени локации каде ќе може да се потпишуваат новите договори за парно греење
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека новите договори за парно греење може да се потпишат на три пункта во Скопје со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот: пункт Центар, на ул.„Кочо Рацин“ бр.33 кај Олимписки базен, пункт Исток, на ул. „Јане Сандански“ бр.49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица „Лондонска“ бр.8 во населба Тафталиџе