Курт Расел сака да се пензионира
Во својата славна, речиси 60-годишна актерска кариера, Курт Расел ги глумеше 12-годишниот Мајк во „Се случи во светот на реалноста“ со Елвис Присли, понатаму – „змијата“ Снејк Плискен („Бегство од Њујорк“ и „Бегство од Лос Анџелес“), Мекреди („Нештото“ / The Thing), Вајат Ерп, Брукс, Семоќниот Јас („Чувари на галаксијата 2“)… Сепак, се чини дека неговата улога на Дедо Мраз во филмот „Божиќни хроники 2“ (The Christmas Chronicles 2) на Нетфликс може да му биде и последна