Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на ФИФА рејтинг листата објавена денеска. Македонија сега се наоѓа на 135 - тата позиција, во друштво на Виетнам, Либериа, Бурунди, Луксембург, Намибиа...
Од противниците на „црвено-жолтите“ во квалификациската група за СП 2018, најдобро пласирана е Шпанија која е на 11 -тото место, а веднаш зад неа е Италија. Албанија остана на 63-тото место како и на претходното рангирање.
Израел е 70 - та, а најслабо котира Лихтенштајн кој е на едно место после Македонија односно на 136-тата позиција.
Во ТОП 10 фудбалски земји на врвот повторно се врати Бразил, а покрај него уште се наоѓаат и Германија, Аргентина, Швајцарија, Полска, Португалија, Чиле, Колумбија, Белгија и Франција.