Шампионот на Германија, минхенски Баерн неколку недели ќе биде без својот играч Франк Рибери.
Французинот се повреди на дуелот со Херта, што заврши со резултат 2:2 во викенд колото.
Рибери има скинат лигамент на левото колено, откако незгодно застана на топката.
– Жал ни е што се повреди Рибери. Му посакуваме брзо заздравување, изјави претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге.
Во соопштението од баварскиот клуб се наведува дека Рибери нема да биде опериран и дека веќе го почнал процесот на рехабилитација.