Италијанскиот селектор Џампјеро Вентура има нови проблеми околу составот на „аѕурите“ за претстојните квалификациски натпревари против Македонија и против Албанија.
Во текот на вчерашниот ден беше откриено дека Белоти и Верати нема да бидат во комбинација, а денеска Вентура остана без уште двајца фудбалери, коишто играат во средниот ред.
Станува збор за Даниеле де Роси и Лоренцо Пелегрини, двајцата фудбалери од средниот ред, кои се пожалиле на повреди по дербито со Милан. На местото на Де Роси ќе игра Роберто Галјардини од Интер, додека Пелегрини ќе го замени Брајан Крисанте, членот на Аталанта, кој се запиша меѓу стрелците на дуелот со Јувентус.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра на шести октомври, на „Олимпико“ во Торино, од 20.45 часот.