Своите очекувања од утрешниот натпревар против Зенит ги искажа Вардаровиот стопер Евгениј Новак кој што очекува тежок натпревар во Санкт Петербург, со надеж дека екипата ќе успее во следните два меча да освои бодови во групата.
„Не очекуваме дека ќе биде лесно, затоа што знаеме дека Зенит е добра и силна екипа дека играат многу добро. Тие играат често во Лигата на Европа. Имаме само порази во првите четири натпревари, но не чека нов натпревар во кој ќе се бориме да оствариме овој пат добар резултат. Пред нас се уште два натпревари во групната фаза од Лигата на Европа, и се надеваме дека ќе играме подобро и дека ќе оствариме подобри резултати од претходните“, изјави Новак.
На прашање што уште знае за утрешниот противник, Новак одговори:
„Силен состав има Зенит со силни играчи како Дзјуба, Кокорин, од оваа сезона имаат стадион кој што е спектакуларен. Очекувам тоа да биде една убава вечер за сите кои ќе дојдат на стадионот и ќе имаат можност да уживаат во натпреварот. Ние со нетрпение го очекуваме мечот“, рече нашиот дефанзивец на вечерашната прес конференција во Санкт Петербург.