Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА) на Англија го избра најдобриот тим во Премиер лигата за сезоната 2017/18.
Најмногу играчи во идеалниот состав доаѓаат од новиот шампион Манчестер Сити – вкупно петмина, од Тотенхем се тројца, а по еден се од Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи.
Идеален тим во Премиер лигата за оваа сезона:
голман – Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед);
одбрана – Кајл Вокер (Манчестер Сити), Јан Вертоген (Тотенхем), Николас Отаменди (Манчестер Сити), и Маркос Алонсо (Челзи);
среден ред – Давид Силва (Манчестер Сити), Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Кристијан Ериксен (Тотенхем) и Мохамед Салах (Ливерпул);
напад – Хари Кејн (Тотенхем) и Серхио Агуеро (Манчестер Сити).