Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес, ја коментираше одлуката на Арсен Венгер да го напушти Арсенал на крајот од кампањата. Францускиот специјалист 22 сезони е на чело на тимот од Лондон, а самиот тој е на 68 години.

- Арсен направи одлична кариера во која забележа многу успеси додека неговиот тим практикуваше атрактивен фудбал. Тој покажа позитивно влијание врз играта во Англија, но во одреден момент мора да се каже: „Доста беше“. Не знам дали тој ќе продолжи да работи, рече Хајнкес.

Хајнкес има 72 години и се пензионираше уште во 2013 година, но оваа сезона се врати да им помогне на Баварците, кои беа во мини криза.

Во летото, германскиот специјалист и дефинитивно си заминува од фудбалот.