Од УЕФА денеска гo назначија арбитерот за финалниот натпревар од Лигата на Европа меѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј.

Холанѓанецот Бјорн Кујперс, кој е меѓународен судија од 2006 година, ќе ја дели правдата на 16 мај во Лион.

Кујперс, кој оваа сезона судеше на четири натпревари од Лигата на шампионите, веќе делел правда во финалето на ЛЕ во 2013 година, кога Челзи ја победи Бенфика со 2:1.

Тој беше главен судија и во финалето на Лигата на шампионите во 2014 година, кога Реал го победи Атлетико со 4:1.