Офанзивниот фудбалер на Барселона, Фелипе Кутињо по вчерашниот пораз во 37-то коло од Ла Лига против Леванте со 5:4, изјави дека со радост би се откажал од својот „хет-трик“ во замена за победа на својот тим. Играчите на Ернесто Валверде го претрпеа првиот пораз во тековната сезона. - Сакавме да ја завршиме сезоната без пораз. Леванте одигра прекрасен натпревар. Немав трпение да постигнам „хет-трик“ за Барселона, но се надевав дека тоа ќе се случи во натпревар во кој ќе победиме, изјави Фелипе Кутињо