Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го коментираше отсуството на Италија од претстојниот Светски шампионат.

Италија не успеа да се пласира на Мундијалот што е прв случај по пауза од половина век.

-Моето срце плаче, бидејќи Италија нема да игра на Светското првенство. Жал ми е што нема да видиме легенда како Џанлуиџи Буфон, изјави шефот на светскиот фудбал.

Ова е втор пат Инфантино јавно да изрази жалење за неучеството на „азурите“. Тој претходно, нивниот неуспехот во баражот со Шведска го оцени како трагедија.

СП во Русија почнува на 14 јуни.