Арсенал размислува за трансфер на дефанзивец во зимскиот период, а во радарот се капитенот на Челзи, Гери Кејхил и Ерик Баји од Манчестер Јунајтед.

Идејата е новото пополнување трајно да го замени повредениот Роб Холдинг, кој најверојатно нема да настапува до крајот на сезоната.

Унаи Емери ги следи нив бидејќи оваа сезона тие ретко влегуваат во игра за своите тимови. Покрај тоа, договорот на Кејхил со „сините“ завршува летото наредната година.

Роб Холдинг (23), беше повреден во натпреварот од 15. круг против Манчестер Јунајтед (2:2).