Меѓу струмичките села Куклиш и Свидовица избувна шумски пожар, кој засега не им се заканува на овие населени места.
Според Никола Ристов, од Шумското стопанство „Беласица“, гори површина со црн бор и е зафатено околу пет хектари.
– Се работи за низок шумски пожар, но со опасно запалива материја-црниот бор. Пожарот е на планината Беласица поблиску до селото Свидовица. Според наши проценки, пожарот не може да го загрози месното население, рече Ристов.
Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи на ШС „Беласица“ и ТППЕ Струмица со три противпожарни возила и 12 пожарникари.