Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно се справува со сите предизвици и провокации од пироманите.

– Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, како и досега, така и денеска бдееа над територијата на земјата, активно дејствувајќи овојпат во Крушево. Тие денеска беа неминовна поддршка на хеликоптерите на АРМ. Без прекин пилотите активно дејствуваа во рамки на законското време за останување во воздух, до крајните временски лимитации, давајќи го својот максимум, соопштија од ДСЗ.

Оттаму велат дека е очигледно оти апелите за прекин на палењето на шумите не стигнуваат до свеста на поединци и дека и натаму ќе ја следат ситуацијата и ќе се справуваат со предизвиците.