Познат е можниот датум за продолжување на сезоната во италијанскиот шампионат. Серија А може да започне одново на 20 мај. Во таков случај натпреварувањето е планирано да заврши на 2 јули, дознава „Кориере дело Спорт“.
На 20 мај можат да се одржат натпревари од 25. коло, кои беа одложени на крајот на февруари: Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари.
Распоредот на средби до крајот е ваков: 27. коло – 23-24 мај 28. коло – 27-28 мај 29. коло – 30-31 мај 30. коло – 3-4 јуни 31. коло – 6-7 јуни 32. коло – 10-11 јуни 33. коло – 13-14 јуни 34. коло – 17-18 јуни 35. коло – 20-21 јуни 36. коло – 24-25 јуни 37. коло – 27-28 јуни 38. Коло – 2 јули.
Сезоната во италијанскиот шампионат беше прекината на 10 март поради пандемијата на коронавирус.