Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ги сумираше резултатите од денешното Гран-при посветено на 70-годишнината од Формула 1. Финецот заврши на третото место, иако тргна од пол-позицијата.

– Многу непријатно. Очигледно, да се започне од пол и да се заврши на третото место не е идеално. Во одреден момент, ние спиевме како тим, кога Верстапен успеа да излезе пред нас, а мојата стратегија беше далеку од идеална. Мислам дека има многу да научиме од денешната трка, изјави Ботас.

Победник на „Силверстоун“ беше Макс Верстапен кој на Ред Бул му го донесе првиот триумф на оваа патека по пауза од осум години.


Администратор
10/08/2020 03:23