Бранителот на трофејот Вардар, Шкендија и Шкупи попладнево забележаа победи во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига и за прв пат во новото првенство прокнижија три бода.

Вардарци се радуваа на теренот на Академија Пандев во Струмица, додека Шкендија и Шкупи забележаа полн погодок на свој терен.

Резултати на четирите денешни средби од 2. коло од ПМФЛ: Академија Пандев – Вардар 0:1 Борец – Ренова 1:1 Шкендија – Струга Трим и Лум 2:0 Шкупи – Македонија Ѓ.П. 3:1.

Одиграни претходно Силекс – Пелистер 2:2 Работнички – Беласица 2:0.

Табела: Силекс, Шкупи, Шкендија, Пелистер и Борец по 4 бода, Работнички, Вардар и Македонија ЃП 3, Ренова 2, Струга Трим и Лум 1, Академија Пандев и Беласица 0.