Екипата на Наполи, попладнево ја совлада Аталанта со 4:1 на домашен терен во рамките на 4. коло од италијанскиот шампионат.

За клубот од Неапол ова беше јубилејна 1000-та победа во Серија А во нивната историја.

Наполи стана седмиот клуб што стигнал до четирицифрен број победи во Италијанското фудбалско првенство.