Поранешниот капитен на италијанскиот фудбалски гигант Милан, Франко Барези е назначен за почесен потпретседател на Милан. Тој ги бранеше боите на „росонерите“ од 1977 до 1997 година.

На денешниот состанок на акционери во Милано се случија кадровски промени во управата на клубовите и беше потврдена загуба од 195 милиони евра за изминатата финансиска година, се наведува на официјалната веб-страница на клубот.

Паоло Скарони беше реизбран за претседател на клубот, а во управниот одбор, покрај него, влегоа и Иван Газидис, Стефано Чочирио, Џорџо Фурлани, Марко Путуано, Салваторе Черсиона, Џанлука Д’Аванцо, Алфредо Крача и Масимо Ферари.

Милан по пет кола оваа сезона во Серија А е лидер со 13 бодови.


Администратор
28/10/2020 23:25