Доктор Игор Николов реагираше на групната прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче.

И покрај забраната од Владата од која и тој е дел, за групирање на повеќе од четири лица, Филипче даваше изјава заедно со уште повеќе лица, кои стоеа на растојание од 20-30 сантиметри.

Тој ја коментира изјавата на Филипче дека мерките се добри, не смее да има групирање, како и новта бројка од 30 починати за едно деноноќие.

-Се собрале на прес цела сурија и викаат, добри се мерките ако нема групирање повеќе од 4. Нервно и кожно забрзано се полнат. Денес 30 мртви. Зарем само до групирањето е, праша Николов.