Венко Филипче и неговата неспособност се најголема опасност за здравјето на граѓаните во ек на пандемија.

Власта во која Венко Филипче го води ресорот здравство не презема ништо за да ги зголеми болничките капацитети во пресрет на есенскиот бран.

Пациенти чекаат пред клиниките и по час и половина за преглед, а сликите од пред клиниките се ужасни.

Дека власта го изгубила правецот и нема компас, говори фактот што пациент наместо во болница, прима инфузија пред болница, во дворот на истата. Но и тоа што нема вакцини против сезонски грип.

Целото здравство е руинирано, а затоа виновни се Заев и Филипче.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ