Потценувачки е односот на Заев и Владата кон македонскиот народ, македонската држава, историја и национални интереси.
Вчера денот го поминаа во Софија разговарајќи и преговарајќи со бугарската страна за проблемот со блокадата, која што ја најавија, но и длабоко се сомневаме дека разговарале за ветувањата што ги дале уште пред три години кон источниот сосед.
Крајно потценувачки и навредувачки се изјавите на бугарскиот министер Каракачанов во однос на Гоце Делчев и историјата на Република Македонија, врз кои се темелат македонската држава, идентитет, нација и јазик, нешто што им е свето на македонските граѓани. Потценувачки и уценувачки е што Каракачанов и бугарската страна даваат рокови и ултиматуми на Република Македонија и си поигруваат со чувствата на граѓаните кои што живеат во Република Македонија.
Уште попотценувачки и понавредувачки е што сеуште нема реакција од страна на МНР на Република Македонија, како и од реакција од Владата за ставовите изнесени од г-динот Каракачанов.
Ја повикаме Владата, Заев, Димитров и сите инволвирани во процесот, јавно да им кажат на граѓаните за што се преговарало во Софија, имајќи на ум дека јасно е потенцирано од нивна страна дека стојат цврсто зад нивната декларација изгласана во Парламентот минатата година, за кои точки имаат ултиматум да размислуваат до петок и конечно да не си поигруваат со судбината на граѓаните заради нивните лажни ветувања кои ги давале при преговарање претходно.
Затоа прашуваме дали имаат намера МНР и Владата да реагираат или ќе молчат како и до сега?
Неспособноста и несериозноста на Зоран Заев не донесе до овој ќорсокак.
Жално е што за пазарџиските постапки на Заев и Димитров, но и сите останати инволвирани, во моментов губи и трпи штети само Република Македонија и македонскиот народ.
Единственото решение е Влада за национален спас, наместо оваа Влада која што ја гледаме три години за национално распродавање на македонските интереси.
Новинарско прашање: Од СДСМ ве обвинуваат за политичко профитирање на сметка на починатите од КОВИД-19, според ВМРО-ДПМНЕ каде најмногу потфрла власта каде што имаме вакви високи бројки на смртност и сме во првите дваесет земји во светот со најмногу починати пресметани на милион жители ?
Одговор: СДСМ бидејќи се во ќорсокак и потфрлија со справувањето со пандемијата најлесно им е бидејќи немаат срам да обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и дека профитира на сметка на починатите. Не, ние апелиравме со месеци наназад дека сето она што го спроведуваат е погрешно и дека не треба да бидат арогантни и да слушаат совети од експерти, како и да бидат инклузивни во процесот со справувањето со корона пандемијата. Бидејќи мислеа дека нивната ароганција и недопирливост ќе останат вечни гледаме дека трпиме штети со смртни последици врз граѓаните кои што веќе достигнуваат и рекордни бројки, 30 на ден е преголема бројка, значи 30 семејства останале без свој најблизок за жал за сето тоа повторно ќе потенцирам виновна е ароганцијата на СДСМ. Наназад со месеци апелиравме на одредени мерки, апелиравме за внимателност во целата ситуација, кои чекори да се преземат за да бидеме подготвени за она што ни следи, но единствено што гледавме од Владата, од Венко Филипче, од Зоран Заев тоа беа прес конференции, ароганција, фалби и наместени тендери, каде потфрлува Владата за толкава висока смртност, потфрла буквално на секое поле и од она кое што можеме да го видиме во моментов е дека нема ниту еден слободен кревет, преполни се капацитетите, од основни работи во болница како во Струмица немаат амбулатни возила бидејќи ги покрадоа парите, едноставно граѓаните немаат можност да бидат згрижени. Секојдневно гледаме десетици апели на социјалните мрежи каде што одредени граѓани со тешка клиничка слика од КОВИД19 немаат можност и не се прифатени во болниците бидејќи нема простор. Тоа е вината на Венко Филипче, наместо да оди по прес конференции да дава изјави и да работи за политичка корист на СДСМ, треба да работи за граѓанатите и да ја среди ситуацијата. Но, за жал ситуацијата е излезена од контрола и веќе не можат во ниту еден случај да ја средат. Така да граѓаните се оставени сами на себе.