Филипче и Заев се најголемите некрофили бидејќи се власт и ги имаат сите механизми за заштита на здравјето на граѓаните,а не ги употребуваат за да спасат човечки животи.
Единствени кои се радуваат во државава од кризата се Заев и неговата мафија која додека умираат луѓе продолжува непречено да краде.
Најголем некрофил во државата е Венко Филипче бидејќи човекот е опериран од одговорност и не си дава оставка кога имаме дневно по 30 мртви. Бидејќи кај Филипче нема чувство на одговорност очигледно ваквата ситуација на пораст на смртноста од 41% за една недела кај него причинува задоволство и некрофилија.
А Венко Филипче е некрофил затоа што:
• Филипче и Заев се власт и ги имаат сите механизми за заштита на здравјето на граѓаните и не ги употребуваат.
• Затоа што Филипче објавуваше дека има забрана за собири над члетворица од собир на кој имаше десет пати по толку.
• Затоа што имаше 10 месеци да се спреми за есенскиот бран, а не превзема ниту една мерка,
• Затоа што луѓе умираат по ходници, а власта дава 200 илјади евра за украсување на градот, силјалички и лампиони.
• Затоа што болниците немаат кревети, ама на Филипче хациендата на водно расте секој ден.
• Затоа што додека луѓе умираат Заев си додели лиценца за ископ на глина на неговата Еленица.
• Затоа што секој ден сме сведоци на луѓе кои молат за помош по социјалните мрежи за Филипче ги игнорира.
Дефиниција за некрофилија е Венко Филипче кој ги има сите механизми да помогне, а ги остави граѓаните на цедило
СДСМ некрофилска е партијата која да потсетиме оставаше кукли и мртви деца пред домовите на градоначалниците на ВМР-ДПМНЕ за темата рудници. Затоа немаат кредибилитет да говорат на оваа теми.