На 9-ти ноември Владата донесе одлука за забрана за собири каде има повеќе од 4 лица.
Истиот ден градоначалникот на Аеродром Златко Марин склучил два договори со вредност од над 3 милиони денари за аудио опрема, осветлување и лед екрани со цел одржување на манифестации и настани во услови кога тие се забранети поради корона кризата.
Во време кога општина Аеродром е една од најпогодените од корона заразата ваквите манифестации е сосема разбирливо и очекувано дека се непотребни, дури и опасни по здравјето на граѓаните.
Манифестации нема, но парите на граѓаните на Аеродром се трошат. За што? Не за почист воздух, не за нови улици, не за нови детски градинки... за лични интереси.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ