Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им го честиташе историскиот успех на македонските репрезентативни кои ја однесоа Македонија на Европско првенство.

- Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува. Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци. Напред Македонијо!, порача Мицкоски.