Зоран Заев ги залажува фирмите, во период кога тој се задолжи за нови 1 милијарда евра во последната година, потценување е да се фали дека за развој на фирмите одвојува 17 милиони евра. Зоран Заев нема ни намера да ги помогне фирмите. Тој отворено кажа дека ќе ги остават фирмите кои страдаат заради кризата да пропаднат.

Се што прави Заев е шминка. Реалноста е дека 40.000 работници останаа без работа, и дека фирми се затвораат.

Половина милион граѓани живеат со 130 денари на ден, народот буквалнл страда.

И наместо да се насочи на помош на граѓаните и фирмите. Заев се ободува преку шминкерски мерки да каже дека нешто работи.

Со ваквите политики, Македонија само тапка во место и пропаѓа, а затоа е виновен Зоран Заев.