Оставката на Филипче е прашање на тоа дали ќе спасиме животи или ќе се зголемува бројот на мртви од корона.

Без никаков срам СДСМ пуштаат соопштенија каде виновници за секојдневните илјадници новозаразени од КОВОД-19 им се Христијан Мицкоски, Наќе Чулев и Гордана Димитреска-Кочоска. Македонија секојдневно руши рекорди по бројот на новозаразени и починати, но на СДСМ и Филипче тоа не им е важно. Голема бројка на новозаразени и починати во државата се должи на неспобноста на Филипче и незаинтерсираноста на Заев за грижа на здравјето на граѓаните.

Здравствениот систем е колабиран, исцрпени медицински лица, нема соодветна, а нема ниту секаде терапија, граѓани умираат на пат до болница или во ходници, а Филипче и Караџовски викаат под контрола е ќе разговараме во понеделник?

Решението е едноставно во ваква ситуација, Филипче оставка и тоа веднаш!