Без никаков срам СДСМ праќаат соопштенија дека се фокусирани за спас на работните места, вложуваат во здравството и зборуваат за капитални инвестиции. Поради нивната непособност и негрижа од почетокот на пандемијата до денес над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без приходи.

Поради нивните погубни политики во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари.

Поради неспобноста на СДСМ во период на економска и здравствена криза за шест месеци го зголеми јавниот долг за една милијарда евра или за 9,3 проценти.

Три години власта предводена од СДСМ има катастрофална реализација на капитални инвестиции, секој година реализацијата е под 50 проценти.

Граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова. Тие заслужуваат подобар и поквалитетен живот.

Колку побргу си замине оваа криминална од власт, толку ќе биде подобро за сите.