Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со небесни фенери, денеска им оддаде почит на сите жртви кои во Македонија починаа како резултат на коронавирус.

Настанот се оддржа пред СЦ „Борис Трајковски“, при што изјава за медиуми даде Рашела Мизрахи, член на ИК

- КОВИД 19 не е статистика. Секојдневно се држат пресконференции на броеви.

195 починати за една недела, 1305 од поЧетокот на пандемијата во месец март. Но, КОВИД 19 не е статистика.

Ова се луѓе, со име и презиме. Нечии мајки,татковци, сестри, браќа, нечии деца.

Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс. Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А оваа битка не се добива со прес конференции, туку со мерки, протоколи и мобилизација на сиот квалитетен кадар. И додека се продава скап ПР со единствена цел " да се избега од одговорност" во стил на ова владеење, јасно е господине премиер, ив ие господине Министер за Здравство, одговорноста е целосно ваша.

Зошто сите знаеме дека секаде во светот умираат луѓе од КОВИД, но сигурни сме дека оваа трагедија ќе беше многу помала да не беше и да не е вашето неспособно управување со кризата.

Овој настан вечерва е во знак на почит од жртвите од КОВИД луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе.

Тие не се тука поради неспособната влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка. Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност. Прашање на живот, истакна Мизрахи.