Заев е најголемиот лажов, се ветува и ништо не исполнува, нема ниту еден проект на кој граѓаните може да се сетат.
Зоран Заев повторно ги лаже граѓаните. Економијата тоне. 40.000 останаа без работа, 2 милијарди ја задолжија државата, и фирмите се на раб на опстанок.
Заев потроши 2 милијарди евра народни пари, а денес нема ниту еден проект на кој граѓаните може да се сетат.
Зоран Заев наместо да каже што направил, кажува што ќе продаде.
Зоран Заев нема план за Македонија, тој државата ја гледа како стока на пазар, кој ќе даде повеќе тој купува.
Зоран Заев 4 години прокоцка и ништо не направи. Само криминал, корупција и рекет.
Додека Македонија пати, додека имаме 1305 луѓе починати од КОВИД 19, Заев вели дека буџетот ќе бил наменет за здравството.
Заев зборуваше многу но не одговори на важните прашања, зошто терапијата која дава резултат во приватното здравство не ја користи и во државното и дали штити нечии профити?!
Кога веќе одговара и нека каже до каде е клиничкиот центар во Скопје и тој во Штип или тоа не е тема сега?!
Јавноста чека одговори и зошто граѓаните чекаат термин за тестирање од КОВИД 19 и по неколку дена, а функционерите се тестираат преку ред и бесплатно?!
Зоран Заев нема кредибилитет за да ја води државата.